Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ – ’Браво сине’“ и издавачката куќа „Арс ламина“ денеска напладне на Саемот на книгата ќе ја промовираат новата едиција „Бајки од Македонија за цела година“
Екипи на ЈКП „Дервен“ од Општина Велес во текот на април исчисти повеќе јавни локации и диви депонии во градот и околината.
Градоначалникот Шилегов денеска /13.05.2019 година, понеделник/ оствари средба со делегација од збратимениот град Нирнберг (СР Германија), предводена од градоначалникот Улрих Мали (Ulrich Maly).
Полицијата синоќа во 21:30 часот на aвтопатот Велес – Скопје кај местото викано „Штипска клучка“ при контрола на возилото марка „Опел Омега“ со скопски регистарски ознаки управувано од 53 годишниот И.М. од Арачиново во возилото пронашла десет илегални мигранти.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави дека проектот за реконструкција на стационарот “Лајка” е во завршна фаза.
На Купот „Св. Георги 2019“ најдобри во футсал се учениците од Општина Карпош, додека Гази Баба заврши на второ, а Кисела Вода на трето место.
Во Општина Штип денеска заседаваше кризниот штаб за заштита и спасување, со цел да се преземат превентивни мерки, но и да се информира населението при појава на поплави или други проблеми од најавеноото невреме.
Четириесет и пет годишен жител на тетовско Рогачево беше извлекуван од страна на пожарникари од неговото возило, откако излетал и се превртел додека возел по регионалниот пат Тетово-Јажинце денеска после 12.00 часот.
Во текот на вчерашниот ден во Беровскиот регион се случиле две сообраќајни несреќи, а возачите на тракторите се здобиле со тешки телесни повреди. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова денеска информираше дека првата несреќа се случила кај местото викано „Бричките“ во атар на село Двориште.
Под мотото „Скопје цвета“, на 18 и на 19 мај 2019 година (сабота и недела) во вториот дел од Градскиот парк ќе се одржи шестиот Скопски цветен фестивал. Фестивалот ќе почне на 18 мај во 11:30 часот, со цветно дефиле со деца од предучилишните установи и од основните училишта што ќе тргне од паркингот пред бараките на Град Скопје.