По повод 116 годишнината од смртта на македонскиот револуционер-великан Гоце Делчев, делегација на прилепската локална самоуправа, предводена од градоначалникот Илија Јованоски и делегации од политичките партии и граѓани денеска изутрината положија свежи цвеќиња пред спомен бистата на Гоце Делчев во дворот на основното училиште, што го носи неговото име
На 03.05. 2019 околу 15,00 часот пријавено е дека во касарна Илинден полицискиот службеник З. М. (26) при подготовка на оружјето за чистење го погодил во пределот на левата надколеница полицискиот службеник Ц. А. (27) кој бил во истата просторија
Во изложбениот салон на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на љубителите на уметноста синоќа прв пат со изложба на свои дела им се претстави прилепчанката Лилјана Ристеска
Распишан е конкурсот за избор на младоженци за овогодишното издание на Пијанечко-малешевската свадба
Со пригодна свеченост организирана од општина Делчево и Културно уметничкото друштво „Гоце Делчев“, денеска по повод 116-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев се одбележа датумот на загинувањето на револуционерот кој во 1903 беше убиен од турската војска во селото Баница
НУ Центар за култура-Битола од 9 до 13 мај ќе биде домаќин и организатор на 21 издание на меѓународниот фестивал за монодрама
Чалаче Тируне (Етиопија) е победникот на 15. јубилен „Визер скопски маратон“. Тој истрча со време од 2:15.37 часа, а зад него завршија Вилфред Корир од Кенија и неговиот сонародник Гатаје Гелав. Најдобропласиран Македонец беше Александар Кираџиев, кој заврши на шестото место
Во Кичево во Ликовната галерија при Центарот за култура „Кочо Рацин“ синоќа е отворена изложбата „Близнакот“ на Александра Ацеска, како втор нејзин самостоен проект
„Бел заб, здрав заб“, во изведба на учесници на драмската секција, која работи во состав на домот на културата „Драги Тозија“ е новата театарска претстава за деца што синоќа премиерно беше избедена во Ресенската кино сала
Група сопственици, одгледувачи и љубители на расни кучиња од Кочани организираа основачко собрание на кое го формираа првото општинско кинолошко друштво „Осогово“