Митре Милошевски, кандидатот за градоначалник на Охрид на ВМРО ДПМНЕ кој ќе се бори за функцијата и во вториот круг на 5 мај, денеска изјави дека наредниот период до вториот круг ќе се посвети на поголема активност на терен
Учениците од ДСУ „Георги Димитров“ од отсекот хортикултура заедно со учениците од второ одделение од ОУ „Коле Неделковски“ денеска со садење на цвеќиња во паркот на Градската библиотека „Парк на поезијата“ го одбележаа Светскиот ден на планетата Земја
ЈП „Комуналец“-Битола со креативен пристап на својот „Еко Центар“ и со поддршка на учениците од основните и средните училишта во градот, го одбележа Денот на планетета Земја
Иако работевте во сенката на претседателските избори, ви честитаме на преданоста и професионалниот однос на сите вас кои бевте дел од кампањата на Михаил Трендафилов-Нанче и овозможивте и тој и Граѓанско Демократската Унија да бидат претставени во најдобро светло пред охриѓани
Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, инсектициди, хербициди, автоделови, алати, мопед, облека, очила, козметика, парфеми, тоалетни води, смартфони, девизи и фалсификати
Охриѓани вчера уште еднаш ја покажаа и ја потврдија својата одлучност за подобра иднина на нашиот град
По прогласувањето на епидемија на морбили на територија на целата држава, постапувајќи по наредбата на Министерството за здравство, денеска во основните училишта во Општина Карпош започна теренската вакцинација на невакцинираните ученици
Во просторот „Булевар на книгите“ на издавачката куќа „Матица Ексклузив“, в среда, на 24 април, ќе се одржи промоција на третото издание на новелата „Ласа“ на авторката Наташа Димитриевска Кривошеевa
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.А.(37) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“