Во Струмица денеска почна Есенската школа за млади афористичари, на која учествуваат ученици од трите средни училишта во Струмица.
Почнал да црта од три години. Го инспирирале „трансформерите“. Кире, веќе средношколец, без ничија помош развил завиден талент и денес може слободно да се носи со кој било професионален стрип-креатор.
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против M.K. (27) од Охрид, поради објава на социјалната мрежа Фејсбук со која се предизвикува загрозување на сигурноста на пратеник, односно поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија.
Во Гевгелија денеска ќе биде пуштена во употреба новата санитарна депонија лоцира во село Ново Коњско.
Иновацијата ELIF and MELIF, семaфор за невреме на кумановецот Борис Секирарски освои сребрен медал на Интернационалната изложба за иновации ARCA и Меѓународниот саем за земјоделски иновации AGRO ARCA, која се одржа од 18-ти до 20 октомври во Загреб, Република Хрватска.
Кавадарци и Едеса прават напори во рамки на прекуграничната соработка помеѓу Македонија и Грција, да го отворат граничниот премин Пулевац на Кожуф Планина.
Четириесеттина византолози, медиевисти, историчари, археолози, историчари на уметноста, теолози, лингвисти, музиколози и класичари кои се занимаваат со проучување византиското културно наследство и средновековната историја ќе учествуваат на Првата национална конференција за византологија и медиевистика што наредните два дена ќе се одржува во Охрид.
Пофункционално работење и прецизно дефинирање на надлежностите и мандатот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците се дел од предлог измените и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците кои се помалку од 20 отсто од населението, за кои денеска се одржа јавна дебата со претставници на власта, пратеници, претставници на Агенцијата и Мисијата на ОБСЕ.
Пет пати пониско од просекот за октомври е нивото на реката Црн Дрим, покажуваат денешните хидролошки мерења.
Најновите трендови во градежништвото со посебен акцент на енергетската ефикасност ќе може да се видат од денеска до недела на 15. Меѓународен саем за градежништво и 8. Саем на недвижности и инвестиции „Realexpo“. Паралелно со овие две саемски манифестации се одржува и 44. издание на „Технома 2018“ на кое на едно место се собрани компании од металургијата, електрониката, енергетиката и неметалите.