Подобрувањето на временските услови овозможија да се забрза изградбата на спортската сала во дворот на основното училиште “Кочо Рацин# во Нов Дојран која е дел од владиниот проект за изградба и опремување на 145 училишни спортски згради.
Пожарникарите од ТППЕ Струмица вчера гаснеле осум пожари на отворено во Струмичкиот регион. Интервенирале во селата Баница, Просениково, Сачево, Куклиш, Муртино, Старо Коњарево, Колешино и на еден пожар на отворено на локација во Струмица.
Општина Струмица ја зголемува безбедноста во сообраќајот на крстосници на кои е намалена видливоста со поставување на сферни огледала. Ваква опрема се поставува на повеќе крстосници во градот и населените места и се поставени 10 сферни огледала.
Картичка „Мој Карпош-моја картичка“ што на жители на Карпош им дава можност да користат одредени попусти при користење на услугите во над 250 фирми и компании што работат на територијата на локалната самоуправа: ресторани, кафулиња, спортски објекти, ординации, книжарници, но и кај производители на ИТ опрема, дизајн студија, сервиси, беше промовирана денеска од Општина Карпош, што го означи стартот на овој проект.
Нешто над 1.500 сообраќајни прекршоци открила полицијата во засилените акциски контроли во текот на февруари на поширокото Тетовско подрачје. Во контролите биле опфатени над 4.400 возила што е за 545 возила повеќе во однос на истиот период лани, информираа денеска од СВР Тетово.
Македонската академија на науките и уметностите денеска ја промовираше монографијата „Богородица Перивлепта (Свети Климент) во Охрид“ – седма од десет тома избрани дела на академик Цветан Грозданов (1936-2018), кои МАНУ ги објавува со издавачката куќа „Матица македонска“.
Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје изминатиот период набави нова подвижна библиотека – Библиобус.
Се судрија возило марка „мерцедес“ со албански регистарски таблички од Тирана и товарно возило од Скопје на патот Градско-Росоман. Повредени нема, причинета е само материјална штета, информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Пронајдено е починато бебето на 19-годишната струмичанка, која се породила дома. Случајот во саботата во СВР Струмица го пријавил лекар од струмичката болница, каде била хоспитализирана девојката, а по извршениот преглед било констатирано дека претходнобила породена.
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби поради компликации од грип почина 14-годишно дете.