Синоќа на градскиот плоштад во Куманово се одржа концерт во организација на општината по повод Денот на ослободување на Куманово, 11 ноември.
Амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија во Македонија по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост денеска на Француските воени гробишта во Битола одржаа комеморација.
Штип да изгради споменик на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров, побараа граѓаните кои денеска присуствуваа на предавањето на Срѓан Керим на тема „Она што не го знаеме за Киро Глигоров“.
- Во разговорот со него утврдено е дека тој целосно го измислил случајот со грабнувањето поради тоа што бил соочен со повеќе финансиски проблеми, соопшти МВР.
Министерот задолжен за странски инвестиции Аднан Ќахил денеска присуствуваше на комеморативната церемонија по повод 79 години од смртта на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа Република Турција.
Полицијата презема мерки за расветлување на сите поединости поврзани со пријавеното грабнување.
Посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кај Арената Телеком во Градскиот парк и ВИП Арената, ќе воведе утре и задутре СВР Скопје поради најавениот концерт, фудбалскиот натпревар Македонија – Норвешка и другите спортски настани (атлетска трка и ракометен натпревар).
Ј.Е.(51) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул. „Драган Ѓаконовски Шпато“ во угостителски објект, негова сопственост, од страна на В.К. бил физички нападнат. Неофицијално станува збор за скопската кафеана „Сокаче“.
Младо рисче со својата мајка е фотографирано на планината Јабланица. Фотографијата е обезбедена преку фото-замка од мониторингот што го врши Програмата за заштита на балканскиот рис спроведуван од Македонско еколошкото друштво (МЕД).
Во текот на изминатата недела во Скопје се случила 81 сообраќајна несреќа. Од нив во шест имало потешко повредени лица, а во една едно лице го загубило животот.