Во присуство на истакнати македонски и бугарски поети, вечерва во салонот на Македонскиот културно-информативен центар (МКИЦ) во Софија беше отворена 11. Македонска книжевна визита - манифестација чија мисија е зближување на творците на убавиот збор од двете земји.
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во партнерство со Институтот за различности од Лондон и дневниот весник „Нова Македонија“ ги додели наградите за најдобрите средношколски медиумски производи добиени на конкурсот „Изрази се преку медиумите“.
Изложби, модни ревии и инсталции, работилници, форуми, предавања, презентации, промоции и проекции се дел од седмото издание на фестивалот „Скопје Креатива 2018“ што ќе се одржува од утре до 13 мај во Младинскиот културен центар (МКЦ).
По речиси две години, македонскиот композитор, продуцент и пијанист Дуке Бојаџиев ќе има два концертни настапи во Македонската филхармонија. Концертот „Сон, верба, љубов“ ќе биде изведен утревечер со почеток во 19.30 часот и в сабота, во истиот термин.
На местото каде беше поставен споменикот на Андон Лазов Јанев - Ќосето е засадено дрво гинко како симбол на човековите права. До него ќе биде поставена плоча на која е испишан член 10 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации.
Во тек е ревизијата на основниот проект за изградба на брана на река Отиња, соопшти денеска градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.
На 09.05.2018 година во 16:20 часот на ул. „Фуштанска“ во Тетово, четири непознати лица со патничко возило „Фолксваген Голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.
Кристина Костова советник за информирање во кабинетот на градоначалникот на општина Штип, информира дека на 12 мај во централното градско подрачје ќе има изменет режим на сообраќајот.
„Известување за правдата: патоказ за унапредување на судско-медиумските односи за судии и новинари“ е темата на расправа на дводневната работилница што во организација на Здружението на судии на РМ и Амбасадата на САД во Македонија денеска се одржува во Охрид.
Град Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ќе спроведе обука за оџачари на 25 невработени работоспособни лица. Обуката е предвидено да почне на 1 јуни, а ќе трае три месеци.