#ВозиЖенски #ВозиОдговорно - „Ако возењето со максимална претпазливост е женски, тогаш јас сакам да возам женски“. Ова е една од пораките кои јавните личности и РСБСП ги праќаат во рамки на едукативната акција организирана за 8 март, Денот на жената.
Акцијата за собирање средства е организирана од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на ниво на целата држава по повод Денот на жената – 8-ми Март.
По вербалната расправија, соопштува Министерството за внатрешни работи, 54-годишниот Американец го нападнал полицаецот.
Во акцијата се откриени и одземени 36 пакувања марихуана со тежина од околу 40 килограми, сместени во две поголеми торби кај лицата Ш.Е. (27), И.Т. (25) и Ѓ.П. (27) сите државјани на Албанија.
Шест лица се повредени во сообраќајна несреќа меѓу три возила што се случила синоќа на регионалниот пат Тетово - Јажинце на влезот од село Теарце.
Денес во 14:00 часот, во х. Бистра, Маврово, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ќе го затвори 55 - от „Мавровски меморијал“.
Девојка која се сомневала дека момчето ја изневерува, во саботата направила хаос во хотел во Скопје. Таа побарала од вработените на рецепција да ја информираат дали момчето со кого била во врска престојува во една од собите на хотелот, но рецепционерите одбиле да одговорат на нејзините прашања.
Согласно позитивниот извештај кој го очекуваме за 10-тина дена од страна на надзорот наредниот месец ќе биде пуштен автопатот Демир Капија - Смоквица, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
По ратификацијата на Истанбулската конвенција, во Македонија треба да се воспостават 25 засолништа за жртви на насилство, најмалку пет кризни центри за жртви на силување и најмалку три центри за жртви на сексуално насилство.
Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на две одлуки за распишување референдум на локално ниво, донесени од Советот на Општина Валандово на 3 и 10 јули 2017 година.