Со инвестиции од 300 милиони евра за енергетска ефикасност во зградите во колективно домување во Македонија за пет до осум години ќе се обезбеди заштеда на 30 до 50 проценти од потрошувачката на енергија за греење и ладење.
Денешните ученици растат во дигитален свет, комуницираат на интернет и информациите ги примаат со сите сетила. Затоа сакаат и наставните содржини да им бидат визуелно презентирани или преку нови и креативни документарци поврзани со темите што ги учат.
Полицијата приведе и лиши од слобода две лица во врска со вчерашниот оружен инцидент во Охрид, кога со огнено оружје беше рането едно лице.
Земјоделците не се задоволни од Министерството за зeмјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и неговата работа ја оценуваат со „двојка“, покажува најновата анализа на Рурална коалиција.
Петнаесет лица биле полесно повредени во 12 од вкупно 33 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите четири дена на подрачјето на СВР Скопје. Во 21 незгода била причинета материјална штета.
Во рамки на активностите денеска ученици од училиштето „11 Октомври“ од Скопје, ќе бидат вклучени во изработка на плакати за изложбата „Некогаш и сега“, а најдобриот од предлозите ќе биде прогласен за официјален плакат на оваа изложба.
Социјалните мрежи се преполни со апели да престане масовното труење на животни, кое следи по неколкуте напади од страна на кучиња во кои беа повредени и неколку деца. Отровите на јавните површини се опасни за сите.
Вечерва се отруени две кучиња во скопската населба Карпош 4. Се работи за улични кучиња, но за нив се грижеле граѓани од околните згради.
Едно лице е рането во пукотница што попладнево околу 14 часот се случила во Охрид, на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „Бистрица“.
Во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, на најгорниот паркинг, од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки сопственост на М.А.(31) од Тетово.