Двесетина планинари од планинарското спортско друштво „Голак“ од Делчево и планинари од Софија соседна Бугарија по прв пат организирано го искачија врвот на Малешевските Планини, Илов врв, познат како Џама Тепе висок 1803 метри.
Четириесет и едногодишниот И.Т. синоќа до смрт го избодел својот татко во семејна расправа што се случила на ул. „Чедомир Кантарџиев“ во Скопје.
Десетгодишно дете пешак се здобило со тешки телесни повреди синоќа во сообраќајна несреќа во Куманово, информираше денеска МВР.
Прилепчанец лажно ѝ се претставувал на велешанка дека е вработен во МВР, односно во УБК, и ѝ рекол дека ќе посредува таа да биде зачленета во партија, потоа да биде поставена за координатор на Велес и да стане кандидат за пратеник.
Пешак и сопатник во автомобил се тешко повредени, а со полесни повреди се здобиле пет лица, во шест од осум евидентирани сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје.
Во организација на Националната галерија на Македонија денеска ќе се одржи јавната дебата на која ќе се разменат мислења и предлози за изработка на основен проект за реконструкција на објектот „Мала станица“.
Седум лица од кои едно дете денеска напладне се повредени во тешка сообраќајка која се случила на патарината на автопатот на излез од Скопје кон Тетово.
Осум години изминаа од несреќата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 лица, туристи од соседна Бугарија.
Тело на мртов маж, вчера попладне било пронајдено во една од собите во хотел покрај магистралниот патен правец Гостивар-Кичево.
Московскиот театар „Мастерскаја П. Фоменко” со фестивалот „Иван се враќа дома“ првпат во Македонија ќе се претстави со три спектакли од режисерот Иван Поповски на сцената на Македонскиот народен театар.