Жителите на општина Дојран на 23 јули на локален референдум ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување со работа на рудникот „Казандол“ кој се наоѓа на територијата на соседната општина Валандово.
На седница повторно не беа присутни најголемиот дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со претседателката на Советот, Јасмина Сечкова, се на ставот дека Советот како институција нема надлежност да расправа за отворање рудници.
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 19 часот кога патничко моторно возило „КИА“ излетало од регионалниот пат Градско-Неготино, кај локалитетот „Стоби“.
Планинарското спортско друштво „Осогово“ од Кочани во текот на вчерашниот ден го реализираше традиционалниот десетти по ред планинарски Петровденски марш со искачување на врвот Царев Врв на 2.085 метри.
Четири земјотреси утринава се регистрирани во Охридскиот Регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Храната во „Леар“, каде 23 лица вчера пријавија лесни симптоми на труење, била соодветно дистрибуирана, чувана и послужена, во оригиналното пакување и со адекватен рок на употреба.
Акцијата ја организира Движењето за едукација и унапредување на дијалогот ЛЕАД, почнува во 17 часот, а собирно место е последната станица на автобусот 60.
Според градоначалникот на Долнени општината со помош на Пелагонискиот плански регион го уредила просторот и конечно Фестивалот, како што рече, добива многу подостојни услови за одржување.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина 2 километри, на 14 километри североисточно од Охрид и на 8 километри источно од Косел.
Земјотрес со магнитуда од 3.7 степени по Рихтер е регистриран во 21.31 часот со епицентар на 6 километри од село Косел и длабочина од 2 километри.