Кинотеката на Македонија за програмата во фервуари најави филмски наслови од различни кинематографии и од различни жанрови, како и омажи на домашни автори и актери кои ја задолжија македонската кинематографија.
Huawei денес официјално го претстави својот нов 5G чипсет Balong 5000 заедно со својот прв 5G уред - Huawei 5G CPE Pro. Двата производи заедно го воведоа најбрзото безжично решение за вашиот паметен телефон и останатите уреди во вашиот дом или канцеларија.
Американскиот глумец Алек Болдвин прифати да присуствува на часови за управување со бесот, по кривичниот прекршок настанат по расправија околу паркинг-место.
Швајцарски истражувачи од лозанскиот ЕПФЛ институт и ЕТХ Цирих создадоа микророботи, коишто можат автоматски да го менуваат обликот и да го прилагодуваат според тоа каде се наоѓаат, и кои ќе може да се вбризгуват во човековите крвни садови. Нивната намена би била да нѐ снабдуваат со лекарства или да ги прочистуваат артериите.
Авторот на светски познатата ТВ серија „Сопранови“, Дејвид Чејс го откри глумецот што ќе го толкува ликот на младиот Тони Сопрано во најавеното претпродолжение на сагата. Тоа е Мајкл Гандолфини – синот на Џејмс Гандолфини, кој го глумеше истиот лик во оригиналната серија.
Huawei вчера го претстави својот нов паметен телефон P Smart 2019, кој е веќе достапен и во Македонија. Новиот телефон беше промовиран на специјален настан на кој присуствуваа претставници на медиуми за технологија, бизнис и забава, заедно со популарните гејмери и блогери.
„Гугл“ ја отвори својата нова централа во Берлин, каде подоцна планира да развие центар за вештачка интелигенција.
Најновиот филм на Теона Стругар Митевска, „Господ постои, името ѝ е Петрунија” кој е во главната конкуренција на престижниот Берлински Филмски Фестивал, својата премиера пред интернационалната публика ќе ја има на 10-ти февруари, а ќе биде прикажан 8 пати во текот на фестивалските денови.
Социјалната мрежа Ватсап не функционира во многу делови на светот, што доведе до проблеми во комуникацијата меѓу нејзините корисници, објави „Индипендент“.
Луѓето сѐ почесто и сѐ повеќе користат секс-роботи за да ги задоволат своите сексуални потреби, што во иднина може да доведе до поголем број разводи, сметаат експертите.