Фестивалската сцена во катедралната црква „Света Софија“ вечерва е резервирана за две интересни содржини во рамки на „Охридско лето“, со концертот на француското трио „Маскерина“, како и со кабарето „Зборувај тивко“.
Филмот „Темната кула“, најновото филмско остварување според делото на Стивен Кинг, во режија на Николај Арчел, чии визуелни ефекти работеше и Македонската компанија FX3X, премиерно ќе биде прикажан вечер во Скопје.
Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на Бенџамин пијано триото во катедралната црква „Света Софија“. Триото го сочинуваат Емир Имеров на виолина, Ваг Папијан на пијано и Александар Кагановски на виолончело.
Пиволенд стартуваше одлично. Преполно Скопско Кале, многу странски гости, но и домашни посетители кои се забавуваа до доцна во ноќта.
Под покровителство на Град Скопје, од денеска до 12 август на Скопско кале ќе се одржува јубилејниот 10. Пиволенд 2017.
Во предворјето на црквата „Св. Софија“ вечер, во рамки на Охридско лето, ќе биде изведена театарската претстава „Меџик Нешнл“.
Вечерва на плажата Градиште 2 концерт ќе има извонредниот новосадски состав „Фрајле“. Четиричлениот женски акустичен бенд од Нови Сад, ги освојува срцата на публиката од 2009 година кога е основан бендот.
Музичкиот дел на шестото издание на фестивалот започнува на 11-ти август со Браќата Тавитијан и специјалните гости Јелена Томашевиќ, Сергеј Цетковиќ и Жељко Бебек.
Групата „Чалгија саунд систем“ вечер ќе одржи целовечерен концерт на плоштадот „Александрија“ во Прилеп, во рамки на Прилепско културно лето кое го организира Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Во мариовскиот крај најмногу се лови риба на реката Црна и нејзините притоки. Најпознати места за риболов се Сивиот и Стојчевот вир под селото Ивени. Овде се лови сом и крап и познатата мрена.