Ирачката Влада соопшти дека Ел Абади го посетил „ослободениот Мосул и им честитал на херојските борци“, но навестил дека ќе прогласи победа кога ќе биде ослободен и последниот дел од градот.
Ердоган за време на Светскиот нафтен конгрес во Истанбул истакна дека Турција е подготвена да разгледа нови проекти, вклучувајќи и системи за дистрибуција на гас во источниот дел на Средоземно Море и во Ирак.
Можам да потврдам дека министерот за надворешни работи Себастијан Курц навистина му забрани на турскиот министер за економија да влезе во земјата, изјави претставник на австриското Министерство за надворешни работи.
Шест лица се приведени денеска во врска со т.н. афера „подморници“, соопшти израелската полиција.
Самитот на групата Г-20 заврши синоќа по дводневните преговори, без да бидат решени главните разлики во централните прашања, како климатските промени и глобализацијата.
Тој ќе оствари средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ќе учествува на 22 – от Светски нафтен конгрес во Истанбул.
Договорот за прекин на огнот во југозападниот дел на Сирија денеска на пладне, по локално време, стапи на сила.
Поради ерупција на вулканот Богослов на Алјаска, што денеска исфрли облак од пепел, издадена е наредба за евакуација.
Бразилската полиција запленила 5,1 тон марихуана во државата Санта Катарина.
Нови судири избија рано утрово на улиците во Хамбург по завршувањето на самитот на Г-20, при што демонстрантите запалија голем број возила, соопшти германската полиција.