Обединетите нации повикаа на воздржаност од сите страни во источна Украина поради новите инциденти со гранатирање денеска, со што е прекршен прекинот на огнот според Договорот од Минск.
Русија продолжува да распоредува сили околу украинската граница, при што речиси половина од борбените групи на Москва моментно ја опкружуваат Украина на 50 километри од границата, тврдат западни официјални претставници.
„Немаме потреба од војници со странски знамиња на нашата територија. Тоа не го бараме. Во спротивно, целиот свет би бил дестабилизиран“, изјави украинскиот претседател за веб-страницата РБК Украина.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба денеска изјави дека на исток во државата е регистрирано пукање од тенк од проруски сили.
Повеќе од 28.000 жени во Саудиска Арабија аплицирале за 30 работни места како машиновозачи во шпанската железничка компанија „Ренфе“. Ова е првпат во историјата на Саудиска Арабија жените да имаат пристап до оваа професија, се вели во соопштението на компанијата.
Воедно, се дискутирало и за идната поставеност на Алијансата за зајакната поддршка на членките на источното крило.
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека американската администрација не гледа какво било повлекување на руските војници од границата со Украина.
Европска Унија е подготвена да претстави „целосен пакет санкции“ за Русија „штом ќе биде потребно“, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека проруските сили во Донбас ракетирале детска градинка и дека според него, тоа претставува „голема провокација“.
Министрите за одбрана ја потврдија политиката на отворени врати на Алијансата и потребата секоја суверена земја самостојно да одлучува за нејзината иднина.