Воените тензии со Кина се најлоши во последните 40 години, оцени денеска министерот за одбрана на Тајван, Чиу Куо-Ченг неколку дена откако рекорден број кинески авиони влегоа во воздушната одбранбена зона на островот
Германскиот производител на автомобили „Мерцедес-Бенц“ потврди дека поради кризата со чипови, не може да ги испорача сите возила со комплетна техничка опрема
По повод 250 години од раѓањето на Бетовен, Дојче Телеком организирајќи тим од меѓународни експерти, ја доврши недовршената 10-та Симфонија на Бетовен со помош на вештачка интелигенција
Отсуствата поврзани со Ковид-19 во Англија скокнаа за две третини во последните две недели од септември
Во изминатата недела во светот благо намалување на случаи на Ковид-19, во Европа зголемување
Австралискиот производител на медицински помагала „Елум" (Ellume) повлече од продажба во САД 200.000 тестови за Ковид-19 за домашна употреба поради зголемен ризик од лажно позитивни резултати
Цените на природниот гас во Европа драстично се зголемија на над 1.600 долари за 1.000 кубни метри во раните утрински часови на тргувањето, покажуваат податоците на ICE
Западен Балкан не смее да се гледа како заден двор на Европа, туку како клучен регион без кој нема напредок ниту во трансатлантската, ниту во европската интеграција, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на безбедносниот форум во Варшава
Жил Теобалд, највозрасниот Французин почина денеска на 112-годишна возраст, во својот дом во Фор-де-Франс на островот Мартиник. Тажната вест ја објави неговото семејство
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа во Вашингтон ги критикуваше земјите што сакаат да ја зајакнат европската одбрана и нагласи дека воспоставувањето „конкурентни“ структури за НАТО може да доведе до слабеење и поделба на Северноатлантската алијанса