Ким, близок соработник на претседателот Јул, во четвртокот поднесе оставка на функцијата и од неделата е во притвор. Обвинителите имаат рок од 20 дена да одлучат дали ќе го обвинат. Осудата за обвинението за бунт може да му донесе и смртна казна.
Младите мораат да почнат да се борат за свет без нуклеарно оружје, што е многукратно помоќно отколку во минатото, порача групата „Нихон Хиданкио“, која годинава ја доби Нобеловата награда за мир.
Во Мексико 17 деца починаа од контаминирани кеси за инфузија. Шеснаесет од жртвите се предвремено родени бебиња и една 14-годишна девојка.
„САД ќе ја препознаат и целосно ќе ја поддржат секоја идна влада на Сирија што ќе биде формирана како резултат на овој процес“, се додава во соопштението.
Мисијата на Обединети нации во Авганистан денеска ги повика талибанските власти да ги прифатат глобалните обврски за човековите права поради заштита и просперитет на идните генерации.
Агенцијата на Обединети нации за бегалци оцени дека ситуацијата во Сирија е „една од најголемите кризи со раселување во светот“.
Обвинителката на државата Њујорк Летиција Џејмс денеска соопшти дека нема да ја повлече граѓанската тужба против новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека претседателите „не се имуни на граѓанските тужби“.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија не ја заострува својата нуклеарна доктрина, туку ја унапредува.
Во најновата анализа за влијанието на квалитетот на воздухот врз човековото здравје на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) се наведува дека најмалку 239.000 смртни случаи може да се припишат на изложеност на ситните честички во воздухот.
Саудиска Арабија денеска го осуди израелскиот упад во тампон зоната во Сирија и серијата израелски воздушни напади што почнаа по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад, Турција претходно објави слична изјава.