Франција почна да ги повлекува своите војници од Чад. Одлуката за повлекување на француската армија од Чад уследи откако пред две недели беше прекината билатералната одбранбена соработка.
Корпорацијата „Боинг“ отпушти стотици вработени во сојузните држави Вашингтон и Калифорнија како дел од планираните намалувања на персоналот. Вкупниот број на кратења на пресоналот што компанијата сака да го постигне е околу 17.000.
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека неговата земја поседува нуклеарно оружје.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска ги предупреди сириските бунтовници дека кој од нив ќе тргне по стапките на поранешниот сириски претседател Башар Асад ќе заврши како него.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска првпат сведочеше откако почна неговото судење за корупција пред повеќе од четири години, отфрлајќи ги, како што ги нарече, „апсурдните“ обвинувања против него.
„Целата спортска инфраструктура е целосно уништена или сериозно оштетена. Загубивме најмалку 353 фудбалери, од кои 91 деца. Сè уште не ја знаеме судбината на многу исчезнати“, рече Шалаби, истакнувајќи дека е невозможно да се дадат точни бројки за ова прашање.
Мировните преговори за Украина би можеле да започнат уште оваа зима, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск, чија земја од 1 јануари ќе претседава со Европската унија.
Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска изјави дека Анкара ќе почека да се „создадат услови“ за да отвори Амбасада во Сирија.
Италијанската Влада ги укина казните за луѓето кои одбија да примаат задолжителни вакцини против Ковид-19, се вели во соопштението објавено доцна синоќа, откако тие беа воведени за да се поттикне вакцинацијата во земјата која се бореше да ја задржи пандемијата.
Бунтовниците кои ја презедоа власта во Сирија денеска го назначија Мохамед ал-Башир на чело на преодната влада, а таму ќе остане до 1 март 2025 година, објави сириската телевизија.