Во централниот јапонски град Санџо денеска е измерена температура од 40,4 степени Целзиусови, што е национален рекорд за септември.
Според белгиските медиуми, првите дози вакцини против Ковид-19 би требало да пристигнат во Белгија во март, јави дописничката на МИА од Брисел.
Портпаролот за надворешни работи на ЕУ, Петер Стано повтори денеска дека Унијата очекува јасни одговори за обидот за убиство врз рускиот опозиционер Алексеј Навални
Европската Комисија презентираше денеска нов акциски план за состојбата со суровите материи во ЕУ и нивната набавка, овој пат во услови на криза и волја за поголема независност кон трети земји
Соединетите Американски Држави не сакаат да платат околу 80 милиони долари долг кон Светската здравствена организација (СЗО), туку ќе ги пренасочат тие пари за да ја платат својата сметка во Обединетите нации во Њујорк
Кремљ денеска ги отфрли обвинувањата дека е одговорен за труењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални, нагласувајќи дека нема основа за воведување санкции кон Русија поради тој случај
Словачки суд денеска донесе одлука дека влијателниот бизнисмен Марјан Кочнер не е виновен во случајот со убиството на новинарот Јан Куцијак, соопшти судијата
Кина денеска ја одбележува 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Пацификот, кога земјата претрпе окупација од Јапонија
Товарен брод со екипаж од 43 лица, кој носел 5.800 крави, потона во силно невреме на 185 километри западно од јапонскиот остров Амами Ошима
Доколку меѓународната заедница не преземе итни и храбри мерки за да возврати на катастрофалните ефекти на КОВИД-19 врз образованието на бегалците, ќе се намалат можностите да се искористи потенцијалот на милионите млади бегалци кои живеат во најранливите заедници на светот, наведува Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР во извештајот објавен денеска и насловен: „Заедно за образование за бегалците“