Властите во Мјанмар наредија затворање на сите училишта, откако во земјата денеска е регистрирано рекордно дневно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, кој изнесува 70 новозаразени.
Две лица загинаа, а едно е повредено за време на немирите во градот Кеноша во американската држава Висконсин, кои траат веќе трета ноќ откако полицијата го рани афроамериканецот Џејкоб Блејк.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска порача дека Турција ќе го земе она што ѝ припаѓа и во Средоземното Море и во Црното и во Егејското Море, јави агенцијата Анадолија.
Бројот на смртни случаи во Иран од последици од коронавирусот надмина 21.000, откако во последните 24 часа починаа уште 119 лица, објави денеска Министерството за здравство.
Најмалку пет лица се повредени во пожар во петкатна зграда во Москва предизвикан од експлозија на гас во стан.
На антивладините протести во Белорусија, на кои вчера присуствуваа околу 4.800 демонстранти, уапсени се 51 лице, соопшти Министерството за внатрешни работи на Белорусија.
Француската Влада на 3 септември ќе претстави план за економско закрепнување вреден 100 милијарди евра, чија цел е заживување на економската активност погодена од пандемијата на коронавирусот, најави денеска премиерот Жан Кастекс.
На повеќе од половина милион жители на американскиот брег во Мексиканскиот залив им е наредено да се евакуираат поради ураганот Лора што може да ги погоди Тексас и Луизијана.
Од руското МНР истакнале на „недопустливо гласните обвиненија“ и подвлекле дека раководството на земјата е за најподробна и максимално објективна истрага за случајот.
Чешкиот претседател Милош Земан имаше операција по падот во кој ја скрши раката и е во стабилна состојба, изјави денеска неговиот портпарол Јиржи Овчачек.