Велика Британија ќе се соочи со втор бран на Ковид-19 оваа зима, што би можел да биде двојно посериозен и распространет од првиот бран на епидемијата, доколку се отворат училиштата без ефикасен систем за тестирање и следење на вирусот.
Гасоводот Северен поток 2 е опасен за Европа и со неговата изградба таа како да вложува во руско оружје, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки за време на расправата во Атлантскиот совет.
Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник.
За време на двете изминати ноќи протести во Остин, Тексас, беа уапсени 40 луѓе. Во градот веќе цела недела има напнатост по минатонеделното убиство на 28 годшниот Гарет Фостер, белец, застрелан на 25 јули за време на протестните акции на „Црните животи имаат важност“.
Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирусот на деца во периодот јануари – февруари следната година, изјави директорот на Центарот, Александар Гинцбург.
Францускиот научен комитет предупреди денеска дека е „многу веројатно“ појава на уште еден бран на новиот коронавирус наесен или во зима.
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се бара од федералните агенции да докажат дека не вработуваат луѓе од странство наместо Американци квалификувани за тие работни места.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска ја погоди провинцијата Малатија во југоисточна Турција, соопшти Институтот за истражување земјотреси и опсерваторијата Кандили.
Бомбардирањето е извршено неколку часа откако е спречено влегување на екстремисти од Сирија, кои се обиделе да подметнат експлозив, се наведува во соопштението на израелската војска.
Луѓето во Германија во голема мерка одобруваат повлекување на 12.000 американски војници од земјата, според студијата цитирана од ДПА.