Рускиот претседател Владимир Путин ги повика лидерите на петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН да се договорат за организирање самит што треба да се фокусира на горливите светски проблеми што е можно поскоро.
Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин денеска ја прифати оставката на министерот надлежен за односи со Северна Кореја, што ја поднесе откако Пјонгјанг ја уништи канцеларијата за врски во граничната област.
Научниците во Италија пронашле траги од коронавирусот во отпадните води собрани од Милано и Торино во декември 2019 година, што сугерира дека Ковид-19 веќе циркулирал во северна Италија пред Кина да ги објави првите случаи
Десет случаи на зараза со новиот коронавирус се регистрирани во еден од најголемите бегалски кампови во Кенија – Дадааб, соопшти хуманитарната организација „Лекари без граници“
Од пуштањето во промет во вторникот до денеска, 9,6 милиони германски граѓани ја инсталирале апликација за следење и предупредување на коронавирусот на своите паметни телефони, соопшти германската Влада
Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека е осуетен странски заговор со цел дестабилизирање на државата во пресрет на претседателските избори закажани за 9 август, еден ден откако апсењето на неговиот главен политички ривал предизвика протести во земјата
Суд во Париз му нареди на францускиот телекомуникациски оператор „Оранж“ да му плати на локалниот ривал „Дигисел“ речиси 250 милиони евра (280 милиони долари) како отштета поради нелојална конкурентска пракса на француските Кариби, потврди денеска компанијата Оранж
Во Романија оваа недела се регистрирани вкупно 272 жаришта на африканска свинска треска, а во периодот меѓу 11 и 17 јуни бројот на жариштата се зголемил за десет, соопштија властите во земјата
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) усвои резолуција во која се критикува Иран за одбивање на пристапот до некои објекти, пренесуваат дипломатски извори. Ова е прва резолуција на МААЕ, во која се критикува Иран од 2012 година
Ирачки цивил е убиен во турски воздушен напад извршен денеска против курдските бунтовници во северен Ирак, соопштија локалните власти