Претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли, испрати писмо до белгиската премиерка, Софи Вилмес, откако вчера европратеничка со африканско потекло обзнани дека била жртва на полициска бруталност во Брисел поради бојата на нејзината кожа, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во Велика Британија има речиси 300.000 случаи на коронавирусот, додека повеќе од 42.000 лица починале, покажуваат податоците на британската Влада
Рекреативниот Дизниленд парк во Хонг Конг, Кина, којшто беше затворен на крајот на јануари поради епидемијата на коронавирусот, денеска беше повторно отворен за јавноста
Француската полиција, во соработка со Европол, откри голема криминална мрежа која фалсификувала документи на неколку земји членки на Европската унија, и ги дистрибуирала меѓу илегалните мигранти низ цела Европа, заедно со украдени и изгубени документи
Патникот Брендон Страка морал да го напушти авионот на „Американ ерлајнс“ кој летал од Њујорк кон Далас, откако одбил да стави маска, што е прв ваков случај во САД
Реагирајќи на повторната појава коронавирусот во Пекинг, Централната комисија за дисциплинска инспекција на Комунистичката партија на Кина денеска соопшти дека итно треба да се реши прашањето за ниските хигиенски стандарди на големопродажните пазари за храна во Кина и слабостите во синџирот на снабдување со храна
Првиот, сега поранешен, претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев (79), е позитивен на Ковид-19 и се наоѓа во самоизолација, објавено е денеска на неговата официјална веб-страница
Француска елитна единица за разбивање демонстрации денеска уапси неколку членови на чеченската заедница, по ноќните насилства во градот Дижон, соопшти полицијата
Иран денеска соопшти дека нивната морнарица успешно истрела нова, локално произведена, крстосувачка ракета за време на воените вежби во северниот дел на Индискиот Океан, во близина на влезот во Персискиот Залив
Цените на нафтата денеска паднаа на азиските берзи поради загриженоста дека порастот на нови случаи на коронавирус во Кина и САД би можел да го запре закрепнувањето на побарувачката на гориво, и покрај олеснувањето на мерките за ограничување на движењето на луѓето