Најмалку пет цивили загинаа, а шестмина други се повредени, меѓу кои и едно дете, во ракетниот напад врз Триполи, што го извршија милициите лојални на пензионираниот генерал Калифа Хафтар, лидер на нелегитимните сила од источна Либија
Архиепископот на полската Католичка црква, надбискупот Војчих Полак, вчера во Ватикан пријавил случај со полски владика, обвинет дека заштитувал свештеници за кои се знае дека сексуално злоставувале деца
Поранешниот американски претседател Барак Обама вчера остро го критикуваше начинот на кој неговиот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп, управува со кризата со коронаворусот во земјата
Италијанскиот премиер Џузепе Конте синоќа соопшти дека од понеделник ќе следи олеснувањето на рестриктивните мерки во земјата, воведени поради епидемијата на коронавирусот, бидејќи бројот на загинати опадна на најниското ниво од 9 март
Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро повторно ги критикуваше рестриктивните мерки во момент кога во земјата се регистрирани повеќе од 15.000 смртни случаи и речиси 223.000 заразени лица со Ковид-19
Ковид-19 темелно го промени начинот на интеракција и физичките поздравувања со потенцијал за ширење на вирусот се меѓу нејзините културни жртви. Но, начините на кои луѓето се прилагодуваат во целиот свет кон оваа нова реалност сугерираат дека сè уште не се изгубила човечката потреба да се каже „здраво“
Првиот викенд од излегувањето од изолација, Жолтите елеци сакаа да го искористат за демонстрации и покрај забраната за собирање на повеќе од десет лица, со оглед на тоа дека вонредната санитарна состојба се уште е во сила
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 4.674.580. Од нив починале 310.271, а оздравеле 1.785.086 луѓе.
Во поголем број европски градови денеска се одржаа протести поради рестриктивните мерки воведени поради епидемијата со Ковид-19.
Неколку стоитина луѓе денеска протестираа во лондонски Хајд парк против вонредните мерки на британската Влада.