Словенците масовно тргнаа на викенд од соседна Хрватска, откако Владата одлучи да го укине задолжителниот карантин за оние кое се враќаат во земајта од странство, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Трката за престиж, според министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, сега е фокусирана на тоа кој ќе биде првиот што ќе најде вакцина против коронавирусот
Пекинг не планира да се вклучи во мултилатералните преговори за контрола на вооружувањето, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан
Активистката Грета Тунберг предупреди дека за време на пандемијата на коронавирусот загрозени се правата на децата
Францускиот претседател Емануел Макрон го повика извршниот директор на фармацевтскиот гигант „Санофи“ да се сретнат следната недела, откако компанијата посочи дека американскиот пазар ќе има приоритет за неговата вакцина против Ковид-19
Директорката на Регионалната канцеларија на УНФПА, Фонд за население на ОН, за Источна Европа и Југоисточна Азија нагласува дека тие напорно работат со партнерите во владата и граѓанското општество не само за поддршка за старите лица за време на пандемијата, туку, исто така, овозможување на заштита на нивното достоинство и права во поширока смисла – да останат интегрирани и активни во своите заедници
Јапонски тинејџер ја тужи државата околу своето право да игра видеоигри. Момчето кое претпочита да биде идентификувано само со името Ватару, има и поддршка од својата мајка
Грција денеска го презеде претседателството со Комитетот на министри на Советот на Европа, за време на состанокот што се одржа со видео конференција со претставници на 47 држави членови на најстарата паневропска организација
Во Франција е забележан првиот смртен случај на деветгодишно дете, кое страдало од симптоми на форма слична на болеста Кавасаки, опишана кај млади пациенти кои биле во контакт со коронавирусот
Републиканскиот сенатор од Северна Каролина, Ричард Бар, (64), претседавач со Комисијата за разузнавање на американскиот Сенат, ќе си поднесе оставка додека ФБИ го испитува за нелегално собирање деловни информации со цел да избегне загуби на берзата за време на кризата со коронавирусот, пренесе Би-Би-Си