Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека Ковид-19 можно е никогаш да не исчезне. За време на прес-конференцијата во Женева, извршниот директор на програмата за итни случаи во СЗО, д-р Мајк Рајан, изјави дека не може да се направат предвидувања кога светот ќе се справи со вирусот
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека е изненаден од предупредувањето на главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи дека е опасно да дојде до брзо отворање на американската економија
Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека земјите од ЕУ не смеат меѓусебно да склучуваат де факто туристички договори за време на пандемијата на коронавирусот, објаснувајќи дека таквиот потег може да го уништи единствениот пазар
Американскиот врвен експерт д-р Рик Брајт, од федералниот оддел задолжен за здравствени контрамерки за запирање на коронавирусот, денеска ќе сведочи во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес
Унгарија планира да опреми фабрика за самостојно да ја може да произведува вакцини за корона вирусот, која ќе се активира веднаш штом вакцината ќе биде подготвена, јави „Унгарија Денес“.
Пол Манафорт, поранешен шеф на предизборната кампања на Доналд Трамп, денeска е пуштен од затвор да ја отслужува казната од дома, поради загриженост од зараза на коронавирус, соопшти денеска Ен-пи-ар.
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и Министерството за внатрешна безбедност денеска предупредија дека хакери поддржани од кинеската Влада можеби се обидуваат да украдат анализи на американските истражувачи за развој на вакцина и лекови за новиот коронавирус.
Првичните избори за номинација претседателски кандидат од Демократската партија, поминаа без инциденти, и во услови на социјална дистанца, а имаше и нов рекорд кога на гласање преку пошта беа испратени 400 илјади гласачки ливчиња.
Нуклеарните сили потрошиле рекордни 73 милијарди американски долари за нуклеарно оружје во 2019 година, речиси десет отсто повеќе од претходната година, објави денеска Меѓународната кампања за забрана на нуклеарно оружје (ИКАН).
После германската разузнавачка агенција БНД, и американската ЦИА тврди дека Кина се обидела да ја спречи Светската здравствена организација да го предупреди светот за епидемијата на коронавирусот во јануари, кога Пекинг набавувал медицинска опрема низ целиот свет.