Меѓународниот туризам е погоден од пандемијата на коронавирусот, а до крајот на годинава бројот на меѓународни пристигнувања на туристи би можел да се намали за дури 80 проценти, проценува Агенцијата за туризам на ООН.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја поддржува идејата на неговиот руски колега Владимир Путин, за самит со учество на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, изјави синоќа Тим Суливан, американски амбасадор во Москва.
Јапонија го одобри Ремдесивир на американската компанија Гилеад сајанс за лекување на заболените од Ковид-19, соопшти јапонското Министерство за здравство.
На Обединети нации и се потребни 6,7 милијарди долари за да им помогне на најсиромашните луѓе во светот, кои се најпогодени од пандемијата со Ковид-19. Тоа е повеќе од трипати од првичните проценки.
Недоволното намалување на сиромаштијата, заедно со демографскиот раст, претставува притисок врз шумите во Африка, вели Брантом.
Училиштата во Норвешка ќе бидат отворени од понеделник, а баровите и кафулињата од 1 јуни, соопштија денеска властите во таа земја.
Министерството за здравство го презентираше најновиот биланс во однос на епидемијата на новиот коронавирус во Франција, според кој, во последните 24 часа, починале 178 лица, односно сто помалку во споредба со претходниот ден.
Миланската оперска куќа Ла Скала досега изгуби 23 милиони евра поради пандемијата на новиот коронавирус и очекува сезоната да почне во септември.
Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат не порано од 9 август, но не подоцна од 30 август годинава, соопшти денеска претседателот на Централната изборна комисија Лидија Ермошина.
На 11 мај во Франција повторно ќе биде воспоставено слободното движење, освен во департманот Мајот кој се наоѓа во Индискиот Океан, односно од понеделник ќе биде можно излегување без специфичната потврда, освен за патувања подолги од 100 километри од домот на живеење.