Службите за брза помош ширум Европа регистрираа за 60 проценти повеќе повици од жени жртви на семејно насилство за време на изолацијата воведена поради пандемијата со Ковид-19, предупреди денеска европската канцеларија на Светска здравствена организација
Ларс Шаде, високо позициониран претставник на германските здравствени власти, денеска предупреди дека пред почетокот на есента во земјата може да се појави втор бран на коронавирусот, а тој намногу ќе зависи од однесувањето на луѓето. Изјавата беше дадена во момент кога во Германија почна да се обновува економскиот живот, пренесуваат британските медиуми
Британските власти се подготвуваат од идната недела да укинат дел од рестриктивните мерки и имаат нова порака до граѓаните – „Останете безбедни, спасете животи“
Шест или седум вакцини за Ковид-19 се во рана фаза на клинички испитувања, изјави денеска на прес-конференција д-р Катерина Смалвуд, од Канцеларијата за Европа на Светската здравствена организација
Појавените случаи на болни од Ковид-19 кои биле прогласени за излекувани, а потоа повторно имале позитивен наод, всушност се поврзани со клетките кои останале во белите дробови по излекувањето, информира Светската здравствена организација
Националната здравствена служба на Велика Британија утврди дека заштитната медицинска облека испратена од Турција е неисправна, објави денеска лондонскиот весник „Сан“
Долниот дом на полскиот Парламент денеска го усвои предлог-законот со кој се дозволува претседателските избори, што ќе се оддржат во недела, да се одржат преку пошта
Астероид голем колку камион мина близу Земјата и е еден од најблиските кога било регистрирани во историјата. Меѓутоа, ниеден од сателитите во Земјината Орбита не го забележа
Дел од словенечките медиуми како провокација ја оценуваат постапката на Виктор Орбан, кој на социјалните мрежи објави карта на „голема Унгарија”
Речиси петтина од Холанѓаните, или 17 проценти, сметаат дека Владата прерано почна да ги олеснува мерките и да го укинува карантинот воведен за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, покажа истражување на организацијата Харт ван Недерланд