Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на новиот коронавирус се додека пандемијата и американските обвинувања кон Пекинг продолжуваат да се шират, изјави денеска кинескиот амбасадор при ОН во Женева, Чен Су
Европската агенција за наркотици информира дека пандемијата на Ковид-19 предизвикала зголемена активност на Даркнет, што е своевидено подземје на Интернетот, каде за 25 отсто е зголемена побарувачката на канабис
Руските транзитни испораки на гас во Европа преку Украина во првите четири месеци од годината се намалени за 47 проценти во споредба со минатата година и се на најниско ниво во речиси последните 30 години, објави украинскиот оператор за транспорт на гас ЛЛЦ
Во близина на воениот сектор на аеродромот во Багдад денеска беа истрелани три ракети од типот „Качуша“ и нема повредени или загинати лица, соопшти ирачката армија
Римскиот аеродром „Фиумичино“ е првиот во Европа што воведува „паметни кациги“ за мерење на температурата со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека укинувањето на санкциите наметнати за Иран претставува „очигледно право“ на земјата и индиректно предупреди за можни чекори што Иран би ги презел во случај тоа да не се случи, како што би сакале САД
Официјален Пекинг соопшти дека неодамнешните обвиненија од претседателот на САД, Доналд Трамп и од државниот секретар Мајк Помпео дека Ковид-19 е настанат во лабораторија во Вухан е всушност политичка стратегија на републиканците пред претседателските избори
Шпанскиот премиер Педро Санчес се обидува да обезбеди мнозинство гласови во Парламентот за да ја продолжи вонредната состојба во земјата уште две недели
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба ја објасни стратегијата во три чекори на украинските власти за „враќање“ на Крим
Летонија, Литванија и Естонија ќе ги отворат границите за своите граѓани од 15 мај, најави летонскиот премиер Кирсјанис Канис