Почнувајќи од утре, секој кој ќе дојде на Тасманија од друг дел на земјата ќе мора да помине две недели во карантин.
Шестмина талибански бунтовници кои успеале да се инфилтрираат во авганистанската полиција денеска убиле најмалку 24 полицајци и војници во јужната покраина Забул, која во огромен дел е под контрола на талибанците.
Франција е на почеток од кризата предизвикана од новиот коронавирус и е во трка за запирање на неговото ширење, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.
Познатата британска марка и деловна групација Маркс енд Спенсер денеска предупреди дека продажбата на облека, покуќнина и меѓународни операции во следните 9 до 12 месеци ќе бидат сериозно погодени од епидемијата на новиот коронавирус.
Белгиските здравствени власти соопштија дека во последните 24 часа во земјата се потврдени уште 462 случаи на заразени од коронавирусот, јави дописничката на МИА.
Во австриската Влада формиран е „дигитален кризен штаб“, чија задача е да ги пронаѓа и поправа лажните вести поврзани со новиот коронавирус.
Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 252.850 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 10.405, а оздравеле 89.061 лице.
Бројот на излекувани од коронавирусот во Русија се зголеми на девет, се наведува во соопштението на руското Министерство за здравство.
Две лица се уапсени откако изутринава намерно влетале со автомобил во внатрешноста на терминалот 1 на аеродромот во Барселона, соопшти преку Твитер каталонската полиција, додавајќи дека нема повредени во инцидентот.
Владата на Романија одлучи да ги казни сите кои не ги почитуваат мерките со затворска казна од три години затвор. Доколку тој што не ги почитува мерките и со своето однесување зарази некого, добива затворска казна од пет години.