Јапонските власти побараа 310.000 луѓе да се евакуираат од своите домови на островот Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, а околу 350 летови се откажани поради тропското невреме Кроса, кое се приближува до архипелагот.
Високиот суд на Велика Британија го отфрли барањето на претприемачот Маркус Бол да се жали до Врховниот суд на одлуката да не му се суди на премиерот Борис Џонсон поради наводното лажење за Брегзит
На сателитски снимки направени со помош на системот „Максар ворлд вју“ се гледаат голем број оклопни и други возила во спортски комплекс во Шенжен, а западните медиуми наведуваат дека најверојатно станува збор за сили на кинеската „Народна полиција“
Најмалку 10 лица денеска загинаа во нападот на милитантната група ал-Шабаб врз сомалиска армиска база во близина на главниот град Могадишу, соопшти армијата, пренесе ДПА
Кремљ денеска соопшти дека постоењето на Светската трговска организација (СТО) сериозно ќе биде доведено во прашање доколку ја напуштат големите светски економии, на САД, на пример, како што вчера навести американскиот претседател Доналд Трамп
Украинската автокефална православна црква (УАОЦ) и официјално престана да постои и се припои кон новата Православна црква на Украина (ОКЦ), се наведува во соопштението што денеска го објави украинскиот парламентарен весник „Гласот на Украина“
ОН денеска изрази длабока загриженост поради информацијата дека авганистанските безбедносни сили убиле 11 цивили во провинција во близина на границата со Пакистан
Британскиот Парламент ќе го блокира Брегзит без договор доколку неизбрани луѓе, кои стојат зад премиерот Борис Џонсон, се обидат да ја извлечат Велика Британија без договор од Европската Унија на 31 октомври, изјави доскорешниот министер за финансии Филип Хамонд
Пакистанскиот премиер, Имран Кан, денеска ја предупреди Индија дека неговата земја е подготвена да одговори на секоја агресија во спорниот регион Кашмир, подвлекувајќи дека можеби е дојден моментот во кој Исламабад ќе му оддржи лекција на Њу Делхи, пренесоа француските медиуми
Официјални лица од Нов Зеланд денеска признаа дека направиле грешка дозволувајќи му на Брентон Тарант, обвинет за убиство на 51 лице во две џамии во Крајсчрч, од својата затворска ќелија да испрати писмо