Австралиските власти повикаа на уште една масовна евакуација во југозападниот дел на земјата, откако топлото време предизвика нови пожари кои се закануваат на неколку населени места.
Украинскиот авион што вчера се урна во Иран, при што погинаа сите 176 патници и членови на екипажот во него, најверојатно случајно е соборен од иранската Противвоздушна одбрана (ПВО), соопштија американски претставници, цитирани од британските медиуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја поздрави одлуката на Апелцискиот суд од Њу Орлеанс со која дозволува употреба на 3,6-те милијарди долари од буџетот на Пентагон за изградба на ѕидот долж границата со Мексико. Ѕидот кон Мексико беше едно од предизборни ветувања на Трам во 2016 година, кое тој се уште не успева да го исполни, пренесоа француските медиуми.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека уривањето на украинскиот авион можеби се случило по грешка, но додаде дека имал ужасно чувство во врска со тоа, без да наведе детали.
Конгресот мора и треба да биде консултиран пред да се нападне странска сила и затоа Претставничкиот дом ќе гласа резолуција за ограничување на правата на претседателот да нанесува селективни напади врз други земји, изјави денеска спикерката Ненси Пелоси.
Британскиот весник „Индипендент“ спроведе анкета со која се бара од американски граѓани да го обележат Иран на нема карта.
САД ја засилија проверката на патници, багаж и карго пратки што влегуваат во земјата и го ревидираа системот за тревога на пограничните служби во случај на потребна дополнителна проверка на поединци, изјавија од Департментот за национална безбедност.
Армијата на САД ги предупреди Амерканците да не подлегнуваат на „лажни СМС пораки“ со погрешни информации дека корисниците биле регрутирани за воена служба.
Командантот на воздухопловните сили на иранската Револуционерна гарда, Амир Али Хајизадех изјави дека ракетните напади врз американски цели на Блискиот исток ќе продолжат се додека американските трупи не заминат од регионот.