Рубриките на светските и на регионалните медиуми се полни со текстови за државата Обединети Арапски Емирати (ОАЕ), главно со негативни вести, кои говорат за вмешаноста на Емиратите во некоја земја, вмешаноста во катастрофа во некоја друга, давање поддршка на некој воен злосторник или владетел тиранин.

Името на оваа држава го зазеде последното место во медиумските текстови по поддршката на ОАЕ во воениот удар во Египет, во 2013 година, со кој се промени рамнотежата на Блискиот Исток и им се зададе разорен удар на бранот револуции од Арапската пролет. Оттогаш ОАЕ настојува да стане влијателен регионален играч преку одважната, бучна и невообичаена дипломатија за оваа мала земја, која со децении претставува оаза на политичкиот мир.

Тоа беше целосен прекин со наследството на основачот на државата, шеикот Заједин бин Султан, кој ја следеше политиката на тивка дипломатија во изградбата на земјата уште од седумдесеттите години, па сè до својата смрт во 2004 година. Истата стратегија траеше уште некое време, по што неговиот најстар син Калиф бин Зајед дојде на власт, за потоа да биде маргинализиран заради неговата здравствена состојба. Престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед, стана де факто владетел на земјата и креатор на неговата внатрешна и надворешна политика, речиси цела една деценија.

Се чини дека Мохамед бин Зајед верува дека може да изгради голема империја што се протега од Перискиот Залив до Магреб, користејќи ги парите и оружјето како средство на тој пат служејќи се со класичниот метод на воени команданти. Тоа во голема мера се покажа очигледно по револуциите од Арапската пролет, заради стравот дека тие ќе се прелеат и на бреговите на Заливот и дека ќе го соборат владетелското семејство.

Сето тоа беше проследено со колапсот на старата регионална рамнотежа на силите, меѓу силите на „осовината на умереноста“, според американската формулација, каде што, покрај Абу Даби, уште беа и Ријад, Каиро и Аман, наспроти таканаречната „осовина на отпорот“, која ја сочинуваа Сирија и Иран и некои недржавни актери, како либанскиот Хезболах и палестинскиот Хамас.

Загриженоста на Абу Даби почна да расте кога Доха се приклучи кон арапските револуции и им понуди медиумска поддршка преку телевизискиот канал Ал џезира, кој беше платформа за арапските демонстранти и револуционери. Затоа Абу Даби почна да дејствува многу забрзано во намалување на реперкусиите од Арапската пролет и ги намали неговите последици на секаков можен начин.

Тоа беше сторено преку поставување стратегија темелена на три цели: прво, настојувањето за задушување на арапската револуција, особено во најважните и најголемите центри на овие случувања, односно Египет, преку сојузништво со старите сили на кои ќе им се даде финансиска, медиумска и дипломатска поддршка.

Второ, ќе оствари политички пробив во клучните држави во регионот и ќе се обиде да се влијае на нивната надворешна политика, за да им одговара на емиратските цели. Според ова, вниманието е прво насочено на Египет, а потоа на Саудиска Арабија.

И трето, блокирање на центрите кои пружаат поддршка и помош на Арапската пролет за да се ослободат од нив, како Турција и Катар.

Стратегијата на ОАЕ

За да го обезбеди успехот на оваа стратегија Абу Даби мораше да обезбеди две работи: прво, да направи САД да заземе неутрален став кон активностите на Емиратите во регионот, која подоцна ќе ја придобие во своја полза. Второ, да преземе големи вложувања во новите центри на моќ во Египет и Саудиска Арабија, за да ги контролира одлуките на овие држави.

Што се однесува до првата цел на оваа стратегија Абу Даби работеше на планирањето и подготовката на воениот удар од 3 јули 2013 година во Египет, префрлајќи во оваа земја милијарди долари. ОАЕ купува сè што можеше да се купи за да ја спроведе својата стратегија на превртување на политичката ситуација во Египет во своја корист, со надеж дека подоцна ќе ја преземе доминацијата врз политичките одлуки на Каиро, што всушност и успева да го направи.

Абу даби ги користеше фаталните грешки на Муслиманско братство и останатите политички сили и нивниот неуспех да ги надминат политичките несогласувања за да го подготви враќањето на војската на власт. ОАЕ го формира движењето Тамарод (Бунт) и му дава парична и медиумска поддршка. Исто така, ја купува лојалноста на медиумските институции и новински организации во Египет со цел да ја сатанизира египетската револуција и да му помогне на новиот режим да ја потисне и елиминира.

Кога станува зборза втората цел, Абу Даби успеа да ги исконтролира, иако само привремено, носителите на одлуки во Египет и Саудиска Арабија. Во првиот случај (Египет) тоа го стори со давање на сите облици на политичка, дипломатска, финансиска и економска помош за новиот режим и обезбедување на неговиот опстанок. Сите негови промотивни кампањи се финансирани однадвор, преку продолжените раце на медиумите и преку активната дипломатија.

Бројните информации што протекоа низ медиумите во врска со емиратскиот амбасадор во Вашингтон, Јусеф ал Отаиба, ги откриваат димензиите на влијанието што ова лице го ужива во политичките, дипломатските и истражувачките кругови во САД, како и користењето на тоа влијание за пружање поддршка и промовирање на режимот на Ал Сиси во изминатите години. Ал Отаиба ги искористи сите расположливи средства за да ја купи лојалноста на политичарите, дипломатите, новинарите и истражувачите и се подготви за судбинската битка со Катар, според тоа што го откриват протечените информации.

Во вториот случај (Саудиска Арабија) Бин Зајед успева да ја искористи збрката меѓу владејачкиот естаблишмент на оваа земја, особено околу прашањето на наследникот на кралот Салман бин Абдулазиз и именувањето на неговиот наследник Мохамед бин Салман за престолонаследник, со што од оваа позиција го смени својот роднина, Мохамед бин Најеф. Овој потег беше направен со некој вид благослов и координација со Американците и Израелците.

Потоа, Абу Даби прејде на третата цел од својата стратегија, односно опсадата на Катар и обидот да му се попречи на економскиот пат на Турција и да се ослободи од улогата на овие две земји. По пропаднатиот обид во Турција за државен удар, преминува на Катар со измислување криза со оваа земја и неуморно обидувајќи се да го поттикне регионот и светот против оваа земја.

Мала Спарта

Меѓутоа, важното прашање во целава работа гласи: дали ОАЕ успеа да го оствари својот империјален сон? Одговорот на тоа е едноставен: не. Сите случаи на вмешување на Емиратите во земјите од револуцијата на Арапската пролет се покажаа неуспешни, што имаше спротивен ефект што одеше на штета на оваа држава и нејзиниот имиџ во арапскиот свет и пошироко. Според тоа, се чини дека Бин Зајед го гради своето царство од песок.

Во Судан, цивилните сили одбија да ѝ се покорат на војската, особено по насилното разбивање на демонстрациите, кога настрадаа десетици лица. Ваквите настани го откриваат грдото лице на суданскиот Воен совет, посебно на генералот Мохамед Хамдан даголоа, попознат како Хемети.

Во Јемен стана јасно дека ОАЕ има посебен план и дека не е само сојузник на Саудиска Арабија. Тој план, меѓутоа, секојдневно доживува неуспех, а военото вклучување на ОАЕ во војната станува сè побескорисно и позалудно. Емиратите се обидуваат само себе да се претстават како светилник на толеранцијата во регионот, бидејќи војната ја уништи репутацијата на земјата заради големите човечки загуби, особено на децата, и заради гладот на јеменскиот народ. Можеби токму тоа го објаснува повлекувањето и прераспоредувањето на силите на ОАЕ во Јемен.

Во Египет, пак, и покрај навидум површната стабилност, економските и социјалните прашања дојдоа до точката на вриење и можат да експлодираат во секој момент. Сè што Абу даби успеа да добие се клетвите на Еѓипќаните заради вмешувањето во нивните внатрешни работи и заради поддршката на војската во земјата.

Во случајот со Либија, Хефер сè уште не успеа да ја наметне својата контрола врз целата држава, а неговата воена офанзива на Триполи доживеа неуспех по речиси четири месеци од почетокот, и покрај воената, политичката и логистичката поддршка што му ја пружија ОАЕ, Египет и Саудиска Арабија и дел од европските земји, како Франција, на пример.

Што се однесува до Катар, блокадата доживеа катастрофален неуспех, додека Катар од сето тоа излезе уште посигурен и повлијателен во регионот. Сите обиди на ОАЕ да го изолира Катар на регионална и меѓународна сцена пропаднаа, додека Емиратите на тоа поле губеа морална и политичка борба со оваа земја.

На крајот, што се однесува до Иран, во регионот дојде до раст на тензиите по неодамнешниот напад на два нафтени танкера во Ормутскиот Теснец, што многу лесно можеше да прерасне во регионален судир.

Бин Зајед сака својата земја да ја опишува како „мала Спарта“, мислејќи на грчкиот град во кој владеела војската и кој спроведувал експанзионистичка политика преку војни. Меѓутоа, самиот не сфаќа дека војните и хаосот веќе не се најделотворното средство на надворешната политика, туку можеби најнеуспешни и најштетни на долги патеки. Можеби нема да биде лошо да прочита нешто од историјата за авторитарниот политички систем во Спарта, кој жестоко бил поразен од атинската демократија.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2019 16:10