Лидерот на Шкотската национална партија (СНП) и шкотски премиер, Никола Старџен денеска го предупреди новиот британски премиер Борис Џонсон дека продолжуват подготовките за нов референдум за независност на земјата, затоа што неговите планови за Брегзит можат да предизвикаат штети врз шкотската економија, пренесоа британските медиуми
Британскиот премиер Борис Џонсон му постави ултиматум на Брисел за повторно да преговара за Брегзит или да се соочи со можноста Британија да ја напушти Европската унија без договор
Турција ќе се повлече од Договорот со ЕУ за реадмисија на мигрантите, склучен во 2016 година, како одговор на санкциите на Брисел против Анкара поради истражувањето гас во кипарските води
Кинескињата Ли Јанксија (54) која своевремено беше величана како филантроп затоа што посвоила 118 деца, е осудена на 20 години затвор
Претседателот на Тунис, Бежи Каид Есебси, првиот демократски избран шеф на земјата, почина денеска на 92-годишна возраст, соопшти неговиот кабинет
Во пресрет на денешното гласање за тоа дали вршителот на должноста премиер на Шпанија, Педро Санчез да остане на функцијата, неименуван извор открива дека преговорите меѓу Социјалистичката работничка партија (ПСОЕ) и левичарскиот сојуз Унидас Подемос на Пабло Иглесијас за формирање влада се „целосно неуспешни“, пишува весникот „Ел Паис“
Амстердамскиот аеродром Схипхол ги предупреди патниците дека и денеска може да продолжи одложувањето летови, предизвикано од проблеми во испораката на гориво
Најмалку 12 луѓе загинаа денеска при експлозија на три бомби во авганистанскиот главен град Кабул, од кои една е активирана во автобус со кој се превезувале владини службеници
Веќе 2000 години температурите на планетата не се зголемиле толку брзо како сега. За да се дојде до овие заклучоци истражувачите користеа податоци за температурата составени од речиси 700 индикатори, вклучувајќи ги прстените на дрвјата и ледените моркови
Две училишта во центарот на Париз, кои во текот на летото прифаќаат околу 180 деца како дел од рекреативниот летен центар, по одлука на градот Париз беа затворени во четвртокот поради високата концентрација на олово