Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека САД ќе воведат царини на производи вредни 11 милијарди долари од ЕУ, еден ден откако американските трговски власти предложија попис на европски производи на кои ќе целат поради тековниот спор околу Боинг и Ербас
Борбен авион Ф-35, распореден во базата Мисава во североисточниот дел на Јапонија, исчезна од радарите за време на обука над Пацификот, соопштија јапонските воздухопловни сили за самоодбрана
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија со своите активности на Арктикот никого не загрозува, туку само ја осигурува сопствената национална безбедност
Британската премиерка Тереза Меј и германската канцеларка Ангела Меркел се согласија денеска во Берлин дека е неопходно да се обезбеди чисто, уредено излегување на Велика Британија од Европската унија, соопшти Даунинг стрит 10
Мала група унгарски бизнисмени и политичари, блиски до премиерот Виктор Орбан основаа меѓународна новинска агенција во Лондон, чиј фокус ќе бидат вестите од централна и источна Европа
Белгискиот премиер Чарлс Мишел за утре свика состанок на земјите на Европската унија во Брисел, кои се „најдиректно засегнати“ од напуштањето на Велика Британија без договор
Алжирскиот Парламент денеска го избра првиот човек на Горниот дом на законодавното тело, Абделкадер Бенсалах за привремен претседател на Алжир на местото ан долгогодишниот шеф на државата Абделазиз Бутефлика, кој минатата недела поднесе оставка под притисок на продемократските протести, кои добија поддршка од армијата
Учителите во Полска денеска го продолжија штрајкот, поради кој неколку илјади училишта се затворени, а Владата им понуди на синдикатите директни разговори
Каио Џулио Чезаре Мусолини, правнукот на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, именуван по еден од најпознатите владетели на античкиот Рим, влегува во политиката како кандидат за европските избори на екстремно десничарската партија Браќа на Италија.
Болниците во Триполи пријавија дека во борбите за главниот град на Либија, загинале 47 луѓе, а 181 се повредени, соопшти Светска здравствена организација (СЗО).