Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека Грузија ќе се приклучи на Сојузот и покрај спротивставувањето на Русија.
Палестинското движење Хамас демантира дека во текот на ноќта од Појасот Газа извело ракетен напад против Израел, во кој беа повредени седум лица.
Тајландската опозициска партија Партија на Тајланѓаните (ПТП), блиска до поранешниот премиер Таскин Шинаватра, освои 138 пратенички места во Долниот дом на Парламентот, додека промилитантната партија Паланг Праларат освои 96 места.
Норвешките власти соопштија денеска дека покренале истрага за крузерот „Викинг скај“, кој превезува повеќе од 1.300 луѓе, за тоа зошто испловил и покрај предупредувањата за невреме, што доведе до инцидент и евакуација на голем број луѓе чии животи беа доведени во опасност.
Турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул истакна дека посетата на Турција на терористот, кој изврши напад врз две џамии во Нов Зеланд, била повеќе од туристичко патување, јави агенцијата Анадолија.
Американската компанија „Најк“ доби голема казна од Европската Комисија поради тоа што попречувала продажба на брендирани производи во европската економска зона.
Лондонска меѓународна компанија-синџир пералници Зипџет спроведе своја анкета за тоа во кои градови луѓето живеат најмалку стресен живот. Во топ 20 листата доминираат германските градови.
Европската Комисија ги објави утрово подготовките за Брегзит без договор и ги повикува граѓаните и фирмите да се информираат за сите можни последици од ова сценарио, јави дописничката на МИА од Брисел.
Најмалку 16 лица загинаа, а 48 се повредени денеска при експлозија во магацин за градежен материјал и плински боци во градот Монхмао, во источниот дел на Мјанмар.
Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила ја почнаа првата официјална повеќедневна посета на Куба со отворено покажување на несогласувањето на британското кралско семејство со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп околу економската изолација на оваа комунистичка земја.