Врховниот суд на САД усвои построга интерпретација на Законот за илегалните имигранти од 1996 година, со која се бара апсење на оние лица кои се соочуваат со депортација, доколку извршиле какво и да било криминално дело во минатото, јави „Њујорк Тајмс“
Норвешката полиција денеска соопшти дека започнала истрага за кибер напад врз алуминиумскиот гигант „Хидро“
Околу 1,7 милиони луѓе имаат потребна од хуманитарна помош во самопрогласениот регион Сомалиленд, соопшти денеска глобалната хуманитарна организација Оксфам
Дијамантскиот тајкун Нирав Моди уапсен е вчера во Лондон откако пред повеќе од една година индиските власти соопштија дека е вмешан во банкарска измама од 1,8 милијарди долари, соопшти денеска лондонската полиција
„Волт Дизни Компани“ по една година од објавата дека се здружува со „Твенти Фрст Сентери Фокс“ и официјално jа финишира зделката за откуп на поголем дел од активите на филмскиот и телевизиски холдинг.
Земјотрес со интензитет од 5,8 степена според Рихтерова скала утрово е регистриран во западниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмички центар (ЕМСЦ).
Спорот меѓу шпанските власти и сепаратистите во Каталонија поради жолтите ленти, кои станаа симбол на сепаратистите, се разгорува пред претстојните избори во април.
Пролонгирањето на истапувањето на Велика Британија од ЕУ за 30 јуни ќе доведе до сериозни „законски и политички ризици“, предупреди денеска Европската комисија, по официјалното барање на британската премиерка Тереза Меј за одлагање на Брегзит за три месеци.
Британската премиерка Тереза Меј му испрати писмо на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск во кое формално бара пролонгирање на Брегзит до 30 јуни.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска изјави дека партијата Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан би требало да добие шестмесечна суспензија од членство во Европската народна партија (ЕПП).