Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара од Иран што побргу да ги повлече силите од соседна Сирија или ќе се соочи со континуирани напади од Израел.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека САД не се покажа добро во улога на меѓународен арбитер и не успеа да ја зајакне глобалната безбедност.
Белгискиот премиер Шарл Мишел најави дека неговата Влада размислува за нов „итен закон за Брегзит“, за да се подготви земјата за најнегативните сценарија, јави дописничката на МИА во Брисел.
Буџетскиот дефицит на Франција во 2018 година достигна 76,1 милијарди евра, што е за 8,4 милијарди евра повеќе во споредба со претходната година кога изнесуваше 67,7 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз.
Јужнокорејската војска ја укина одредницата „непријателска“ кон Северна Кореја во својата последна воена бела книга.
Полицијата во Гдањск, по убиството на градоначалникот Павел Адамович, уапси три лица поради тоа што на социјалните мрежи повикувале на нови убиства, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Американскиот претседател Доналд Трамп го одби предлогот на републиканскиот сенатор Линдзи Грахам за времено дебокоирање на работата на федералната администрација, останувајќи цврсто на својот став дека мора од буџетот да се издвојат средства за изградба на ѕид на границата меѓу САД и Мексико.
Армијата на Зимбабве фрли солзавец врз демонстрантите во Хараре кои блокираа важен пат и палеа гуми, на вториот ден од протестите поради зголемување на цените на горивата за повеќе од 100 отсто.
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, од говорницата на Европскиот парламент, утрово го поздрави враќањето на Западниот Балкан во центарот на европските преокупации и ја истакна важноста од решавањето на спорот за името во овој контекст.
Турција нареди апсење на 192 лица поради сомнеж за поврзаност со мрежата на турскиот имам Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД, а Анкара го обвинува дека раководел со обидот за државен удар во 2016 година, пишува турскиот весник „Хуриет“.