Поради поројните дождови Метеоролошка служба на Шпанија денеска соопшти дека има зголемена опасност од поплави во 12 провинции.
Половина литар масло од маслиново дрво старо 1.800 години беше продадено на аукција во турскиот град Измир за цена од 5.620 долари. Купувачот е локален бизнисмен, пишува „Хуриет дејли њуз”.
Владата на јеменскиот претседател Абдрабу Мансур Хади денеска соопшти дека ќе учествува во мировните преговори со Хутите, организирани на предлог на Обединети Нации.
Претседателот на јапонскиот произведувач на автомобили „Нисан Моторс“ Карлос Госн e уапсен поради финансиски малверзации, јави Би-Би-Си. Компанијата соопшти дека интерната истрага покажала дека челникот на компанијата Карлос Госн прикажувал помал профит од реалниот и преземал други незаконски дејствија.
Жителите на северните подрачја на Европа треба да се подготват за температури пониски од вообичаено во периодот од декември до февруари, додека во јужните ќе имаат потопло време, но проследени со силни ветрови и дожд, соопшти метерологот од метеорлошката компанија „Ведер“.
Турски иследници имаат 11-минутна аудио снимка од Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, која е поврзана со убиството на новинарот Џамал Кашоги, изјави денеска новинарот на телевизијата ХаберТурк, Четинер Четин.
Сириските владини сили, помогнати од сојузниците, денеска ја зазедоа јужната област Тулул ал Сафа, која досега беше под контрола на терористичката организација „Исламска држава“.
УНЕСКО, во соработка со Светскиот еврејски конгрес, денеска отвори нова интернет-страница со факти за Холокаустот, чија цел е да се осуетат обидите за негирање на прогонот над Евреите и ширење на антисемитизмот.
Францускиот претседател Емануел Макрон, при официјалната посета на Белгија, порача дека неговата земја продолжува да го поддржува Пактот за миграции на ОН.
Француските „жолти елеци“ денеска посторно се собраа за да ги продолжат протестите против зголемувањето на цените на горивата.