САД од фирмата Локид Мартин купуваат 225 авиони ловци Ф-35, со вкупна цена од 22,7 милијарди долари, соопшти американското Министерство за одбрана.
Британскиот државен министер за Северна Ирска, Шаилеш Вара поднесе оставка поради несогласување со предлог-договорот за Брегзит, постигнат меѓу Владата во Лондон и ЕУ, објавија западните медиуми.
Кубанската Влада соопшти дека ја завршува програмата “Повеќе лекари“ (Mas Medicos) во чии рамки од земјата во Бразил заминуваа неколку илјадници доктори кои работеа за кубанската Влада.
Најмалку 50 години затвор за убиство на дете предвидува нов турски нацрт загон, објавен денеска во турските весници.
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, потврди утрово дека Европскиот совет за Брегзит ќе се одржи на 25 ноември, јави дописничката на МИА од Брисел.
Јапонски министер, чиј ресор е кибер-безбедност и подготовка на Олимписките игри во Токио во 2020 година, и даде утрово на опозицијата повод за насмевки, измешани со стравови, призна дека никогаш не користел компјутер во неговиот професионален живот.
Вработеноста во Европската унија и во еврозоната во третиот квартал се зголемила за 0,2 проценти во однос на претходните три месеци, а растот на вработеноста забавил на годишна основа, покажуваат првите проценки на Европскиот завод за статистика.
Состојбата во Демократска Република Конго станува крајно тензична во предвечерието на претседателските избори предвидени за крајот на годината.
Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека централните банки ширум светот треба да размислат за издавање дигитална валута.
Белата куќа одговори со допис на тужбата на Си- н-Ен против администрацијата на Доналд Трамп, велејќи дека новинарот нема уставно право на пристап до канцеларијата на претседателот на САД.