Фејсбук ја обвини „промената во конфигурацијата на серверите“ за најголемиот пад во таа социјална мрежа во историјата, каде што апликациите престанаа да работат низ целиот свет.
Кина и Русија минатата година успеаја да ја прошират својата билатерална трговија, чиј обем надмина 100 милијарди долари, рече премиерот Ли Кечијан на денешната прес-конференција.
Авион Боинг 737-800 принудно слета во градот Сиктивкар во северниот дел од Русија, потврдија локални власти.
На масите во турските ресторани веќе нема да има соларници, јави Анадолија, повикувајќи се на претседателот на Федерацијата на сопственици на ресторани и слаткарници во Турција, Ајкут Јениџе.
Француските власти денеска ги засилија безбедносните мерки околу верските објекти по нападите на две џамии на Нов Зеланд, во кои загинаа 49 лица, а ранети се 20 лица, изјави министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер.
Австралискиот сенаторот Фрејзер Анинг го навлече бесот на австралиската и новозеландската јавност поради неговите коментари дека „муслиманските имигранти“ се виновни за денешниот напад на две џамии, во кои загинаа најмалку 49 лица.
Кремљ подготвува институционална основа за преселување во Русија на што е можно поголем број лица од соседните земји, тврди московскиот весник „Комерсант“.
Британската антитерористичка полиција е подготвена да им помогне на своите колеги во Нов Зеланд да го истражат нападот во две џамии во таа земја, во кои се убиени 49 лица, изјави британскиот командант на антитерористичката единица Ник Басу.
Претседателот на Косово Хашим Тачи, премиерот Рамуш Харадинај и министерот за надворешни работи Беџет Пацоли ги осудија терористичките напади во две џамии во Нов Зеланд, во кои загинаа 49 лица и им изразија сочувство на семејствата на жртвите, јави дописникот на МИА од Приштина.
Политичките и верските лидери од исламските земји со згрозување го осудија денешниот напад во две џамии во градот Крајстчрч на Нов Зеланд, при што загинаа 49 лица, а најмалку 20 се потешко повредени.