Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск смета дека лидерите на ЕУ треба да бидат трпеливи со Велика Британија кога се во прашање нејзините напори да добие мнозинска поддршка за договорот за излез од Унијата.
Холандската служба за безбедност (АИВД) денеска ја советуваше Владата да не користи технологии од земјите кои водат активна кампања за хакерски напади на Холандија, како што се Кина и Русија.
Претседателот на Еквадор, Ленин Морено денеска изјави дека основачот на Викиликс, Џулијан Асанж повеќепати ги прекршил условите за азил, што го доби во Еквадорската амбасада во Лондон.
Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека повторно ќе побара од Европска унија да го продолжи периодот за преговори за Брегзит и оти ќе се обиди со лидерот на лабуристите Џереми Корбин да го прекина „застојот“ на процесот во Парламентот.
Францускиот претседател Емануел Макрон кој денеска во Париз имаше средба со ирскиот премиер Лео Варадкар, не ја криеше вознемиреноста за Брегзит, јави дописникот на МИА.
Европска Унија покрена постапка пред Светска трговска организација (СТО) против Индија поради дискриминација на производителите на информатичка и комуникациска опрема и против Турција поради дискриминација на фармацевтската индустрија
Заменик државниот секретар Џон Саливан в петок патува за Динард, Франција на средба со министрите за надворешни работи на земјите членки на Г-7, соопшти денеска Стејт департментот
Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени денеска изјави дека Ирска нема да дозволи сценарио во кое Велика Британија излегува од Европска Унија без договор и со тоа ја повлекува Ирска од единствениот пазар
Група британски пратеници денеска соопшти дека ќе се обидат да усвојат закон кој би ја принудил премиерката Тереза Меј да побара одложување на британското заминување од Европската унија, и со тоа би се спречило потенцијално хаотично сценарио на напуштање на Унијата без договор на 12 април
Египетска провинција на Црвено Mоре ќе ја забрани употребата на пластични производи за еднократна употреба, односно од сламки до пластични ќеси, во обид за борба против загадувањето и заштита на животната средина, изјави денеска гувернерот Ахмет Абдалах