Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала ги потресе областите на Арика и Паринаката во северниот дел на Чиле, на границата со Перу и Боливија.
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја пред пратениците презентираше компјутерска програма која го анализира здравјето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Извештај на Обединетите нации наведува дека околу 486 милиони луѓе во Азија и тихоокеанскиот регион страдаат од недохранетост и нема напредок во намалувањето на гладот.
Рускиот истражувач Сергеј Савицки наводно се обидел да го избоде до смрт својот колега Олег Белогузов на Антарктикот и тоа поради банална причина – овој му кажал како завршува книгата што Савицки ја читал.
Копилотот на јапонската авиокомпанија JAL е уапсен откако паднал на тестови за алкохол и тоа во пресрет на полетувањето на авионот на линијата Лондон-Токио.
Роберт Бауерс (46), осомничен за масовното убиство во синагогата во Питсбург, изминатиот викенд, кога загинаа 11 лица, денеска на суд се изјасни дека не е виновен.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти дека ги заострува сакнциите кон Венецуела, Куба и Никарагва.
Телото на саудискиот новинар Џамал Кашоги треба да биде лоцирано и вратено на неговото семејство за да биде погребан што побргу, изјави денеска претставникот на американскиот Стејт департмент Роберт Паладино.
Германија и Франција денеска соопштија дека проруските сили во Украина го урнале дронот што го користеа неутралните европски набљудувачи и побараа да се казнат одговорните за тој чин.
Британската национална криминалистичка академија води истрага против главниот спонзор на кампањата за Брегзит, Арон Бенкс, поради сомнителни нелегални фондови.