Над 50 лица загина, а уште околу 50 други се повредени денеска при судир на два автобуси во западноафриканската држава Гана
Индиските државјани Нитин и Четан Сандесара, кои властите на Индија ги товарат за кражба и перење на 725 милиони долари, започнале бизниси во Албанија, па дури и граделе објекти во јужниот дел на земјата
Сомнителна пратка е откриена во поштенска канцеларија за сортирање пошта во во Ирска, идентична со писмата испратени на повеќе адреси во Лондон и Универзитот Глазгов на почетокот на месецов, соопшти денеска ирската полиција
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе има средба со лидерите на карипските држави кои го поддржуваат венецуелскиот опозициски лидер Хуан Гуаидо.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигна во Либан, во момент кога регионот остро ја критикува изјавата на претседателот Доналд Трамп дека е време САД да го признаат израелскиот суверенитет над окупираните територии на Голанска Висорамнина.
Бројот на жртви од поплавите во Мозамбик, предизвикани од циклонот „Иади“, би можел да се зголеми двојно, од 550 да ја помине бројката 1.000.
Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права го осуди Изреал поради употреба на „незаконска и смртоносна прекумерна сила“ врз учесниците на минатогодишните протести во Појасот Газа, кога беа убиени 189 Палестинци, а ранети повеќе од 6.100 лица и повика сторителите на насилството да се соочат со правни последици за своите дела.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за признавање на признавање на суверенитетот на Израел над Голанска Висорамнина ја оцени како „несреќна“.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повика на борба против исламофобијата, налик на борбата против антисемитизмот после холокаустот.
Холивудската ѕвезда Кејт Бланшет смета дека има проблем да се исклучи од „светот на социјалните мрежи“, коишто како и целото општество денес, вршат „многу повеќе притисок на жените отколку на мажите“.