Државата, која одамна е една од светлите искри во светската економија, претрпе остро забавување. Официјалните податоци покажуваат дека австралиската економија се зголемила само за 0,2 проценти во последните три месеци од 2018 година, што е многу побавен раст од 0,6 проценти, кој го очекуваа економистите.
Франција и Иран ќе разменат амбасадори по неколкумесечната дипломатска криза..
НАСА за 29 март годинава ја закажа првата прошетка во Вселената само за жени. Астронаутките Ен Меклејн и Кристина Кох ќе учествуваат во излетот вон Меѓународната вселенска станица, соопшти претставничката на Агенцијата, Кетрин Хамблтон.
САД размислуваат за нови санкции кон Венецуела со цел да се зголеми притисокот врз Владата на претседателот Николас Мадуро да се откаже од власта, изјави синоќа американскиот советник за национална безнедност Џон Болтон.
Европската Унија додаде 10 држави и територии на список на така наречени „даночни оази“, со што таа „црна листа“ се зголеми тројно.
Бројот на милијардери во светот од мината година се намалил за 55 лица, односно 2.153, пишува американскиот магазин „Форбс“, објавувајќи листа на најбогатите луѓе во светот.
Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп за национална безбедност, Џон Болтон изјави дека САД би можеле да ги зајакнат санкциите против Северна Кореја доколку таа земја не се откаже од својата нуклеарна програма.
Швајцарската централна банка ја претстави редизајнираната верзија на банкнотата со најголема номинална вредност – 1.000 швајцарски франци.
Приближно секој четврти член на Парламентот во светот е жена, се констатира во годишниот извештај на Интерпарламентарната унија, најстарата меѓународна парламентарна организација.
Јужнокорејските разузнавачки агенции откриле знаци дека Северна Кореја обновува дел од локацијата за лансирање ракети Донгчанг-ри, која претходно ја урна, објави новинската агенција Јонхап.