Во Русија денеска се одржуваат избори на различни нивоа, во кои право на глас имаат 65 милиони луѓе.
Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од аеродром по посетата на Сирија, изјави секретарката на регионалната влада Дијана Зантарија.
Автомобил „фолксваген поло“ удрил денеска во група минувачи на булевар во Москва, при што едно лице загинало, а деветмина се повредени, соопштија локалните власти.
Воена парада по повод 70-годишнината од постоењето на Северна Кореја се одржа во главниот град Пјонгјанг.
Руската православна црква ја осуди одлуката на Вселенската патријаршија за испраќањето двајца пратеници во Украина. Според нив, тоа е чекор кон прогласување автокефалност за тамошната црква.
Портпарол на Министерството за одбрана на Русија предупреди денеска дека за вечерва е планиран изрежиран хемиски напад во Сирија.
Претседавачот со рускиот Совет на федерацијата (Горниот дом на Парламентот) Валентина Матвиенко, изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун примил писмо од рускиот претседател Владимир Путин и потврдил подготвеност за официјална посета на Русија.
Руски и сириски воени авиони бомбардираа денеска градови во покраината Идлиб. Тоа се случува само еден ден по самитот што пропадна во Техеран меѓу претседателите на Турција, Иран и на Русија кои не успеаја да ги надминат меѓусебните несогласувања и да се договорат за прекин на огнот.
Поради уништувањето на шумите за добивање на земјоделско земјиште до 2050 година може во целост да исчезнат коалите во сојузната австралиска држава Нов Јужен Велс.
Пред Високиот суд во Брауншвајг, во понеделник почнува процес против автомобилскиот концерн Фолксваген, во кој акционерите бараат отштета заради пад на вредноста на акциите.