Најмалку 18 луѓе се повредени откако авион синоќа излета од пистата и делумно се запали на аеродромот во Сочи, соопшти руското Министерство за здраство.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа изјави дека напад на сириските владини сили врз провинцијата Идлиб, која е под контрола на бунтовниците, ќе значи ескалација на конфликтот.
Досегашниот „вицепремиер“ на таканаречената Доњецка народна република во источна Украина Дмитриј Трапезников е избран за привремен лидер на самопрогласената република.
Висок претставник на Православната црква изјави денеска дека „нема враќање назад“ со одлуката за давање автокефалност за Украинската православна црква и целосно отцепување од Руската православна црква.
Командантот на проруските бунтовници во Доњецката област, која се отцепи од Украина, Александар Захарченко загина во експлозија на бомба во ресторан во Доњецк.
Њујоршката полиција мораше да блокира дел од центарот на градот, откако доби дојава дека чадор за сонце над еден штанд за продажба на ход-дог е преплавен со голем рој од пчели.
Велика Британија и ЕУ уште се надеваат дека до средината на октомври ќе постигнат договор за непречена транзиција по Брегзит во март идната година. Тоа го изјави денеска британскиот главен преговарач Доминик Раб.
Турскиот претеседател Реџеп Тајип Ердоган нагласи денеска дека на државата и се потребни ракетни системи земја-воздух С-400 од руско производство и дека ќе ги набави што е можно поскоро.
Незадоволството на Американците од претседателот Доналд Трамп е на нов максимум откако најнова анкета покажа дека 60 отсто не ја поддржуваат неговата работа во Белата куќа.
Германската канцеларка Ангела Меркел очекува Кремљ да го искористи влијанието врз сириската влада, за да се спречи хуманитарна катастрофа во северната провинција Идлиб, контролирана од бунтовниците, информира портпаролката на Меркел.