Турските безбедносни сили денеска приведоа маж под сомнение дека пукал врз Амбасадата на САД во Анкара.
Неколку лица се повредени во серијата напади врз полициските сили во руската република Чеченија. Сторителите се неутрализирани, соопшти чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
Пепси денеска информираше дека ќе ја купи израелската компанија за домашни апарати за газирани пијалоци СодаСтрим, за 3,2 милијарди долари, јави новинската агенција ДПА.
Исмаил Џем Халавурт, адвокат на американскиот свештеник Ендрју Брунсон, најави дека до крајот на месецот ќе поднесе жалба до турскиот Уставен суд. Брунсон е обвинет за врски со мрежата на Фетула Ѓулен и беше притворен во декември 2016 година, а неодамна беше пуштен во домашен притвор.
Стотици поранешни банкари од пропаднатиот гигант Лиман Брадерс планираат да одржат средба во Лондон на 15 септември - односно на десет годишнината од пропаста на банката која ја предизвика светската финансиска криза во 2008 година.
Иран денеска информираше дека францускиот нафтен гигант Тотал и официјално се повлекол од 20-годишниот план за развој на наоѓалиштето на гас Јужен Парс во водите на Перисискиот Залив, близу Катар.
Европската Комисија порача дека е „многу загрижена“ што три од седумте земји со највисока стапка на мали сипаници се земји членки на ЕУ.
Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со кралот на Јордан изјавил дека Израел ќе има премиер кој ќе се вика Мухамед ако нема решение за палестинско-израелскиот конфликт.
Бројот на загинати во поплавите што ја погодија јужната индиска провинција Керала се искачи до 370 лица, а над 1,2 милиони се внатрешно расселени и сместени во импровизирани кампови.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско го осуди сексуалното злоставување деца од страна на свештеници, како и прикривањето на овој криминал и побара одговорните да бидат казнети.