Во последните 12 месеци печатените медиуми во Германија загубија повеќе читатели во споредба со минатата година, јави германската новинска агенција ДПА.
Земјотрес со интензитет од 4,7 степени според Рихтеровата скала ноќеска околу полноќ е регистриран во реонот на централниот дел на јадранското крајбрежје на Италија.
Турската лира и економијата на земјата ги тресе исклучително сериозна криза. Недовербата на меѓународните финансиски институции кон новиот претседателски систем од една страна и зголемувањето на проблемите со САД, предизвикаа драстичен пад на вредноста ма турската лира.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган потпиша указ за зголемување на царините за увоз на некои америкамнски стоки во Турција, вклучително и за автомобили, алкохол и тутун.
Американскиот претседател Доналд Трамп е фрустриран поради тоа што Турција не го ослободила американскиот пастор Ендрју Брансон, кој е во турски затвор веќе две години, соопшти синоќа Белата куќа.
Околу 2,3 милиони Венецуелци ја напуштија земјата погодена од политичка и хуманитарна криза поради недостиг на прехранбени производи и лекови, изјави портпаролот на Обединети нации, Стефан Дижари.
Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, објавија денеска севернокорејските медиуми.
Турски суд нареди ослободување на двајцата грчки војници уапсени во март на границата, во очекување на нивното судење, јави Анадолија.
Бројот на жртви при уривањето на надвозник во близина на Џенова се зголеми на 30, јавија италијански медиуми цитирајќи го заменикот италијански премиер Матео Салвини.
Невладината организација Амнести Интернешнл - ЕУ упати остри критики кон земјите членки на ЕУ кои четири дена одбиваа да го примат бродот “Аквариус“ во своите пристаништа бара од земјите да „престанат да си играат со животите на бегалците“, јави дописничката на МИА од Брисел.