При уривање на надвозник во близина на Џенова денеска настрадаа најмалку 22 лица, а бројот на жртви ќе продолжи да расте, изјави денеска италијанскиот заменик- министер за сообраќај Едоардо Рикси.
„Економист“ објави листа на 10 градови, кои се најдобри за живот и 10 во кои не е ниту малку пријатно и сигурно да се живее.
Две сестри, кои работеле во две училишни мензи во американската сојузна држава Конектикат, се обвинети дека за пет години, од 2012 до 2017 година, украле речиси половина милион долари од установите во кои работеле.
Владата на Малта ќе направи „отстапка“ и ќе го прифати хуманитарниот брод „Аквариус“ да се вкотви на нејзино пристаниште, соопшти премиерот на Малта на Твитер, Жозеф Мускат.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на својот Твитер профил напиша дека кон терористите треба да се однесува „решително и силно".
Европската Комисија соопшти дека не е задоволна од одговорите на полската влада во врска со независноста на полското судство и дека продолжува со постапката. Полска има еден месец да се усогласи, во спротивно Европската комисија може да одлучи да го испрати случајот на суд.
Москва ја цени независната политика на Турција и одбивањето на Анкара да се придружи кон антируските санкции, изјави денеска руски от министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Во близина на Џенова, град во северна Италија, денеска се урна надвозник, кој е дел од автопатот, а официјалните лица тврдат дека има загинати и можна е трагедија од огромни размери.
Францускиот дневен весник ЈДД пишува дека е пронајдено пристаниште за бродот „Аквариус“ и дека тоа нема да биде во Франција, но не сѐ уште не откриваат каде. Според француските владини извори кои го брифирале медиумот, пристаништето се наоѓа на помалку од пет дена пловидба.
Најмалку 80 автомобили синоќа се опожарени во шведските градови Гетеборг и Тролхатен. Пироманите дејствувале истовремено во неколку реони.